Американскиот планинар Бред Паркер загинал само неколку часа откако за жена ја побарал својата девојка Џени Дајл. Во последниот телефонски разговор со својот татко, тој рекол дека тоа е неговиот најсреќен ден во животот. После запросувањето, Бред отишол да искачува еден од врвовите во националниот парк Јосемити во Калифорнија. За време на искачувањето, паднал и загинал.
Спасувачите до неговото тело стигнале после еден ден.
-Тој за своите 36 години направи многу повеќе отколку повеќето луѓе за 75 или 80 години – рекол неговиот татко Бил после трагедијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



