
-СДСМ донесе одлука да не со формира влада во сенка, туку ресорски комисии , кои активно ќе ги следат проблемите и состојбите во секое министерство и ќе предлагаат решенија, мерки и активности – објави „Дојче веле“ повикувајќи се на извори од СДСМ.
Според нив нема да се формира класична влада во сенка сo индивидуални кадровски решенија за поеднечни ресори, тука ќе има ресорски комисии, како колективни тела, кои активно ќе ги следат проблемите и состојбите во секое министерство, ќе предлагаат решенија, мерки и активности.
Дел од аналитичарите сметаат дека ова е уште една ветена, а неостварена работа на СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев. Иако опозицијата пред почетокот на летото вети жешко лето со протести и собири по градовите, место тоа отидоа на одмор. Голем дел од раководството ги наполни грчките плажи.
Еден ден по изборите лидерот Заев ветуваше дека СДСМ има стратегија за вонинституционално дејствување, за да вчера по последниот Централен одбор се дознае дека допрва почнало да се разговара за стратегија за дејствување. СДСМ и коалиционите партнери викаа дека имаат стабилна коалиција. Зборуваа за ускратување на демократските права, а самите ја кршат демократијата. Тоа го докажаа со верашната одлулка за исклучување на пратеничките Љубица Буралиева и Солза Грчева. Истата судбина ја имаше и Роза Карева Топузовска, која пред почетокот на летните одмори беше исклучена од редовите на ЛДП. Сите три се исклучени поради непослушност.
Од СДСМ посочија дека двете пратенички се исклучени поради непочитување на одлуките на највисоките органи и тела на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


