Кинотеката на Македонија денеска почна специјална програма „Кино будење“, која ја најави како пладневен ритуал составен од три дела – проекција на наградувани филмови, нивна препорака и отворање од познати домашни имиња и кафе со мафин пред проекциите кои ќе почнуваат во 12.30 секоја сабота во март.
Денеска беше прикажан британскиот трилер-романса „Играчка плачка“ од 1992, во режија на Нил Џордан. Филмот е награден со Оскар за најдобро сценарио и со награда БАФТА за најдобар британски филм.
Идната сабота е „Изгорени од сонцето“ на рускиот оскаровец Никита Михалков, снимен во 1994, кој покрај Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје, доби и Гран-при на Канскиот фестивал.
На 16 март на програмата е британскиот „Тајни и лаги“ на Мајк Ли од 1995, награден со „Златна палма“ во Кан, БАФТА и „Златен глобус“ за најдобра женска улога.
На 23 март „Кино будење“ ќе го прикаже „Секс, лаги и видеоленти“ на Стивен Содеберг од 1989, кој доби „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал и награда од публика на фестивалот „Санденс“.
Програмата ќе заврши во последната сабота од месецов, 30 март, со францускиот трилер од 1960 година „Во зенитот на Сонцето“, добитник на наградата „Едгар Алан По“ за најдобар странски филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.