И покрај најавите дека ќе го напушти Челси, со оглед на тоа што го загуби местото во стартниот тим, Петр Чех сепак ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ и најави дека ќе се бори за место меѓу стативите со младиот Тибо Куртоа.
– Се надевам дека Челси кон Чех ќе се однесуваат со почит и дека ќе му дадат шанса да се бори за своето место во тимот – изјави менаџерот на Чех, Виктор Колар.
Веднаш по објавувањето дека чешкиот репрезентативец го загубил местото на голот во Челси, интересирање за него покажаа Монако, Реал Мадрид и ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.