| четврток, 6 декември 2018 |

Со 25 зaгубени топки, и со голема помош од судиите не се победува Белгија

Македонските кошаркари загубија во неизвесен натпревар натпревар во Белгија во рамките од четвртото коло во квалификациите за Евробаскетот во 2015 година со 63-60.
Ова е прв пораз на македонските кошаркари по четири кола, но воопшто не ја менува ситуацијата околу пласманот на европското првенство догодина. Во случај на победа уште вечерва ќе го славевме палсманот, шансата ја имаме и по двата натпревари во СЦ „Борис Трајковски кои следат против Данска и Белорусија, а ги совладавме на гостински терен.
По долгите патувања кои ги имаа нашата подмалдена репрезентација во изминативе 10 дена, вечерва се почуствува заморот.
Тешко одеше организацијата на нападот и имавме дури 25 загубени топки. Белгија во моментите кога им се приближувавме резултатски имаше голема помош од судиите кои беа нивни најдобар играч. на овој натпревар не не служеше шутот како против Белорусија, и ако во Минск шутиравме со 51 процент, вечерва едвај погодивме осум тројки од 29 обиди или помалку од 30 проценти.
Сепак во последните моменти од натпреварот имавме шанса за продолежение од пет минути, Марко Симоновски со удар од преку 10 метри го погоди само обрачот од кошот.
Повторно одличен натпревар одигра натурализираниот Македонец Ричард Хендрикс со дабл-дабл учинок од 14 поени и 14 скока.
Марко Симоновски постигна 11 коша, додека Бојан Трајковски додаде осум.
Кај белгијците Де Зеу постигна 13, а Ервеле и Мукубу постигнаа по 11 поени.
Следниот натпревар Македонија го игра против Данска во среда пред домашната публика во СЦ „Борис Трајковски“ и тоа е шанса да го визира пасошот за Евробаскетот 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top