| четврток, 6 декември 2018 |

Белгија – Македонија 33-23 по првото полувреме

Во четвртиот натпревар од квалификациите за европското првенство 2015 година во кошарка во групата Д Македонија и гостува на Белгија.
По првиот дел нашата репрезентација со одлична игра во одбраната односно со зонска одбрана не дозволи лесни поени од својот рекет и не и дозволи на Белгија да постигне 12 поени. Во овој перид од играта Белгија беше приморана да шутира од линијата зад 6,75 метри и катастрофален процент односно со ниту едно погодено од девет обиди.
Втората четвртина селекторот Александар Џикиќ ја продолжи играта што вроди со плод по првите 10 минути. Сепак во овој период Белгија успеа да се одлепи помогната со неколку судиски одлуки на штета на Македонија во серија со што им дозволи на белгијците брзо да ја развијат играта во напад и полека но сигурно да се одлепат на 10 разлика на крајот од втората четвртина. Во овој период Белгија конечно погоди од дистанца со двете тројки на Муја.
Белгија и во натпреварот од првото коло во Скопје имаше двоцифрена предност односно на паузата од полувремето замина с0 13 разлика, а сепак на крајот ние се радувавме со голем пресврт во продолжението. Да се надеваме дека тоа ќе се случи и на овој натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top