
Повеќе возила чекаат пред наплатната рампа „Отовица“ во правец кон Катланово, а сообраќајот на овој правец се одвива отежнато и забавено поради изведување работи на мостовите, соопшти попладнево Авто-мото сојузот на Македонија.
– На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите, поради тоа е формирана подолга колона на возила до наплатната станица „Отовица“ во правец кон Катланово и сообраќајот се
одвива отежнато и забавено – се вели во соопштението од АМСМ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва во Охрид: Граѓаните ја отстранија рампата кај Горна Порта (ВИДЕО)
-
Ја скршил наплатната рампа: Скопјанец избегал додека полицијата го приведувала
-
Додека профункционира новиот закон, стариот уште ги дрма сметките на граѓаните
-
Извршителите не смеат да земат за себе повеќе од 25% од долгот, ниту да блокираат сметки без најава


