Триесет и пет минути по полноќ на Граничниот премин „Долно Блаце“, на пасошка контрола се пријавило патничко возило „Ленд ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот Н.А. од Сингелиќ – Скопје.
При проверка, било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка „Апси“. Од страна на полициски службеници, на лицето му било кажано да се паркира со возилото, но тоа со големена брзина се упатило кон Скопје без да застане на царинска контрола.
Притоа, ја оштетил рампата, а документите од возилото и личната карта ги оставил кај полицискиот службеник.
Во 02 часот и 10 минути во шума во близина на гробиштата на место викано „Вражји вир“, било пронајдено паркирано возилото кое го управувал Н.А.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.