| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва во Охрид: Граѓаните ја отстранија рампата кај Горна Порта (ВИДЕО)

Граѓаните кои живеат во Стар Град со шрафцигери ја отстранија рампата која беше поставена пред Горна Порта, пренесува „Охрид 1“. Присутните за локалниот портал велат дека се собрале сами и дека мирно ја отстраниле рампата, вршејќи демонтажа на истата без да ја оштетат.

Велат дека ако ја вратат, повторно ќе ја демонтираат.

Докторите пешки до пациентот, Брзата помош не ја пуштија на рампа

– На изборите нѐ измамија. Се што ветија не направија, а прават нешто што не спомнаа дека ќе го прават. Ова работа нема да помини бидејќи ако утре тие ја монтираат ние повторно ќе ја демонтираме – стои во дописот испратен од група жители на Стар Град до „Охрид1“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top