| четврток, 6 декември 2018 |

Турчин им дал на синовите имиња Диего, Армандо и Марадона

Argentina v Mexico: 2010 FIFA World Cup - Round of Sixteen
Турчин Текин Сентурк (32), фан на аргентинската фудбалска ѕвезда Диего Марадона, на неговите три сина им дал имиња по неговото име: Диего Армандо Марадона.

Сентурк за турските агенција „Анадолија“ рекол дека од раното детство е голем поддржувач на „аргентинскиот волжебник Марадона” и дека ги гледал сите негови натпревари.

Тој од пред шест месеци, со неговата сопруга и синовите, се преселил од Германија, каде што е роден, во Турција.

Вљубеникот во аргентинскиот фудаблер рекол дека се сретнал со многу познати играчи, но дека „Марадона посебен и единствен.”

– Па така на седумгодишнит син му дадов име Мохамед Диего, на двегодишниот Армаган Армандо, а најмладиот кој има само 20 дена е Алптекин Марадона- изјави Сентурк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top