Аргентинската легенда разочара огромен број на фанови со лудувањето во вторникот на дуелот кој неговата селекција го доби против Нигерија и обезбеди пласман во осминафиналето. По голот на Маркос Рохо за конечна победа, Марадона покажуваше средни прсти и на цел глас извикуваше пцовки, што беше забележано од ТВ камерите.
Неговата здравствена состојба значително се влоши по средбата, па по фотографиите и видео снимките од гледачите блиску до свечената ложа јасно се гледа интервенција на брзата помош.
Како одговор на ваквото однесување на Аргентинецот на социјалните мрежи се рашири видео на кое се гледа како тој пие текила без раце, а до него стои полна ќеса „бел прав“.
извор: galama.club
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.