Светскиот рекет број 1 Србинот Новак Ѓоковиќ беше гостин кај Дејвид Летерман во неговата мегапопуларна емисија во која одби „непристоен“ предлог.
Ѓоковиќ во текот на емисијата зборуваше за УС Опен, детството во Белград, дуелите на Сампрас и Агаси кои го инспирирале како и за неговата физичка кондиција.
Летерман го испровоцира Ноле со констатацијата дека тенисерот е во одлична физичка кондиција.
– Бараш од мене да се соблечам на сценава? – шеговито одговори Ѓоковиќ.
Сепак тоа не се случи образложувајќи дека под кошулата има и уште една маица, иако од публиката доби овации и подршка тоа да го направи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



