Робин Вилијамс не планирал да се самоубие. Актерот само неколку часа пред да се обеси во својот дом во Калифорнија правел планови за своите идни проекти.
Како што изјави извор блисок до семејството на познатиот актер, Робин еден ден порано му рекол дека има сериозни професионални планови. Бил сконцентриран и сериозен. За своите сериозни чекори разговарал неколку часа пред кобниот момент. Ништо не укажувало на тоа дека следниот ден Робин ќе посегне по сопствениот живот.
– Беше тажен, како и обично. Тоа не беше чудно. Сите имаме такви моменти. Одлуката за самоубиство сигурно ја донел секунди пред да го стори тоа, во тешко растројство. Никогаш нема да дознаеме што го натера да си го одземе животот, вели изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вдовицата на Робин Вилијамс проговори за смртта на познатиот актер
-
Вдовицата на Робин Вилијамс ја откри вистинската причина поради која актерот изврши самоубиство(видео)
-
Последните часови на Робин Вилијамс – причините за трагедијата
-
Последниот филм на Робин Вилијамс од 27 декември во македонските кина


