| четврток, 6 декември 2018 |

Софијанова: Следен чекор е трансплатација на црн дроб

aspasija sofijanova

На Клиниката за Урологија во саботата на 16 август беше направена четвртата кадаверична трансплантација од почетокот на годината. Во трансплантацијата учествуваа тимови од Клиниката за неврохирургија, КАРИЛ, Клиниката за нефрологија, Клиниката за трансфузија и Ренген институтот во Координација со Националниот координатор за трансплантација Доц. Др Аспазија Софијанова.

По 24 часа од регистрирањето на донорот, 30 годишен маж со мозочно крварење, завршија двете операции и беа трансплантирани и двата бубрега кај пациенти следени на Клиниката за Нефрологија.

Ова е четврта кадаверична трансплантација во 2014 година и особено не радува тоа што свеста кај луѓето се повеќе се развива во насока на прифаќање на органодонорството, што е основен предуслов за развој на програмата за трансплантација во една земја, се вели во соопштението од Канцеларијата.

Вчера, само ден и половина по завршувањето на трансплантациите беше пријавен и нов потенцијален донор, но за жал бубрезите морфолошки не беа добри за трансплантација и истата беше одложена.

Она што е следна активност на Националниот координатор за трансплантација и на Министерството за здравство на ова поле, е развој на трансплантацијата на црн дроб, за што веќе се завршени сите подготовки за опремување и просторно адаптирање на болниците кои ќе учествуваат во проектот. Направевен е договор со тим од Франција кој со нашите лекари ќе почне да ги изведува трансплантациите веќе оваа есен.

Од Канцеларија на Националниот Координатор за трансплантација се надеваат дека до крајот на годината ќе се направиме најмалку две трансплантации на црн дроб кај возрасни пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top