| четврток, 6 декември 2018 |

За нашите деца се грижиме ние: Веќе не трчаме по други држави за да спасиме детски животи

Доктор Аспазија Софијанова, директорка на Клиника за детски болести, во своето излагање на панел-дискусијата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се осврна на Детската кардиохирургија во нашава земја, која во минатото беше научна фантастика.

– Државна кардиохирургија се говорела, се зборувала и никако да започне. За детската кардиохирургија па никогаш не се ни говорело, тоа беше како научна фантастика за овие простори. Меѓутоа можам да ви кажам дека од 2013 година, веќе го имаме проектот за Детската државна неонатална кардиохирургија, што значи дека оние дечиња кои спасот го наоѓаа таму каде што моравме да ги носиме по другите држави. Jас се сеќавам дека бев дел од тие носења на децата во соседни држави, брзање, трчање по спасување на нивниот живот, денеска е реалност и овде кај нас. Веќе кон крајот на оваа година 200 дечиња се оперирани успешно во оваа држава и целиот тој проект заедно со  Детска кардиохирургија претставува реалност на овие простори. За што посебно сум благодарна, бидејќи се што се однесува во корист на детето е наша основна улога. И секој денес може да дојде до лекарот кој му е потребен, точно да се знае кога ќе биде присутен таму. Имаме и приоритетни листи во кои на ниедно дете, на ниедна фамилија, на ниеден родител не му ја скратуваме можноста да допре до оној кој е договорен за неговото здравје, за здравје на неговото дете, говореше директорката Софијанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top