| четврток, 6 декември 2018 |

Победникот на Евровизија закрепнува по трансплантацијата на срце

Победникот на овогoдишната Евровизија, Португалецот Салвадор Собрал, закрепнува во болница по трансплантацијата на срце. Од болницата „Санта Круз“ во Лисабон рекле дека 27-годишниот пејач се чувствува добро.

Докторот Мигуел Абецасис рекол дека операцијата била успешна, заздравувњето ќе биде долго и ако сè помине како што треба, Собрал ќе има нормален живот.

Португалските медиуми објавија дека Собрал чекал неколку месеци додека не бил пронајден соодветен донор.

Тој оваа година победи на Евровизија со љубовната песна „Љубов за нас двајца“ (Amar Pelos Dois). Тоа беше прва победа на Портулагија откако постои овој музички избор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top