| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен синот на Џеки Чен

џеки
Синот на актерот и активен борец против наркотични средства Џеки Чен  е уапсен за  производство на повеќе од 100 грама наркотични супстанции.

Синот на Џеки, Џејси Чен, кој исто така се занимава со актерство бил уапсен заедно со уште еден актер за време на полициска рација во Пекинг. Двајцата признале дека конзумирале марихуана, а во станот на 32-годишниот Џејси Чен биле пронајдени и повеќе од 100 грама недозволиви наркотични супстанци.

Кинеските медиуми пишуваат дека на Џејси му претстојат до три години затвор, поради поседување и користење на дрога.

Неговиот татко, пак, постојано јавно ги советува младите да не користат наркотици, а освен тоа во 2009 година беше прогласен за Амбасадор за борба против дрога во Кина.

Џејси е единствен син на актерот Џеки со неговата сопруга Лин, но актерот има и една вонбрачна ќерка родена во 2009 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top