Челси на премиерата во Премиерлигата го совлада Барнли со 3-1, а по натпреварот најзадоволен беше тренерот на „сините“ Жозе Мурињо кој ги пофали новодојдениот Фабрегас и српскиот репрезентативец Немања Матиќ.
– Екипата играше многу добро, но јас мислам дека Цеск беше играч на натпреварот бидејќи тој и Матиќ ја контролираа играта и го диктираа темпото. Двајцата се мозокот на оваа екипа и јас сум среќен, бидејќи минатата сезона не можевме да ја контролираме играта како сега – изјави Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


