Фудбалерите на Челси со победа ја стартуваа новата сезона во Премиерлигата откако синоќа на гости ја совладаа екипата на Барнли со резултат 1-3.
Домаќините поведоа во 14. минута преку Скот Арфилд, но само три минути подоцна Коста изедначи на 1:1. Во 21. минута Челси поведе со 2:1 преку германскиот репрезентативец Андре Ширле, додека конечните 3:1 ги постави Бранислав Ивановиќ во 34. минута.
Во вториот дел од играта не видовме многу шанси, но тимот на Мурињо дејствуваше моќно и им даде на знаење дека борбата за титула ќе биде тешка.
Повратникот Дидие Дрогба доби шанса во последните десет минути кога влезе на местото на Еден Азар.
Резултати на другите натпревари од почетната рунда: Манчестер јунајтед – Свонси 1:2, Лечестер – Евертон 2:2, Квинс парк ренџерс – Хал 0:1, Стоук – Астон вила 0:1, Вест бромвич албион – Сандерленд 2:2, Вест хем – Тотенхем 0:1, Арсенал – Кристал палас 2:1, Ливерпул – Саутемптон 2:1 и Њукасл – Манчестер сити 0:2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.