Неколку дена пред да си го одзеде животот, актерот Робин Вилијамс испратил видеопорака со поддршка до млада жена од Нов Зеланд која се наоѓа во терминална фаза во борбата со ракот.
21-годишната Вивиан Валер од Оукленд откако дознала за тешката болест направила листа со пет желби кои би сакала да ѝ се исполнат додека сѐ уште е жива.
Една од нив е да го запознае Робин Вилијамс. Преку нејзин пријател успеала да стапи во контакт со Вилијамс, а тој за неа снимил емотивна видеопорака. Сопругот на Вивиан, Џек, рекол дека неговата жена била пресреќна поради таа порака и дека немал срце да ѝ каже дека актерот непосредно по тоа си го одзел животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вдовицата на Робин Вилијамс проговори за смртта на познатиот актер
-
Вдовицата на Робин Вилијамс ја откри вистинската причина поради која актерот изврши самоубиство(видео)
-
Последните часови на Робин Вилијамс – причините за трагедијата
-
Последниот филм на Робин Вилијамс од 27 декември во македонските кина