
Во Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип хоспитализирани се 11 пациенти со симптоми на жолтица. Инфектологот Глорија Караѓозова изјавидека кај четворица пациенти веќе е докажано дека имаат хепатит од типот А.
– Хепатит А е сезонско заболување и покрај тоа што ние го очекуваме во есен или зима, но сега во август, токму во летниот период се појави. Моменталната состојба е 11 пациенти кои се хоспитализирани од кои што докажани значи со изолати хепатит А се четири пациенти, истакна Караѓозова.
Хоспитализираните пациенти се од Штип, сите се на различна возраст, од кои најмалиот пациент има пет, а најстариот над 30 години.
Инфектолозите апелираат граѓаните да ја зголемат хигиената на овие летни горештини, но и да внимаваат на храната, овошјето и зеленчукот кои ги консумираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


