Најбрзиот човек на планетата, јамајканскиот спринтер Јусеин Болт присуството на атлетскиот митинг во Бразил на Копакабана, каде што го освои првото место, го искористи да одигра и фудбал на песок преку мрежа.
Тој покажа завидно ниво на фудбалска техника и не ја крие желбата дека еден ден сака да одигра професинален натпревар во фудбал. Тој е голем навивач на „црвените ѓаволи“ и во минатото се спомнуваше дека би можел да одигра и некој натпревар за нив.
По поразот во првото коло на Манчестер јунајтед од Свонси, новиот тренер Холанѓанецот Луис ван Гал би можел сериозно да размисли да го доведе во своите редови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



