| четврток, 6 декември 2018 |

Берлински самит на Русија, Украина, Германија и Франција

Brandenburg porta BerlinВо Берлин почна средбата меѓу шефовите на дипломатиите на Русија, Украина, Германија и Франција, јави ИТАР-ТАСС.

Сергеј Лавров, Павло Климкин, Франк-Валтер Штајнмаер и Лоран Фабиус пристигнаа во вилата „Борзиг“ и нивната програма започна со прошетка во паркот, по работната вечера ќе почнат преговорите.

Се очекува министрите да ја разгледаат ситуацијата околу рускиот хуманитарен конвој и решавањето на украинската криза во целина.

Конкретниот дневен ред и прашањата кои ќе се дискутираат, ќе станат познати за време на самите разговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top