На Гинисовиот рекордер по бројот на пирсинзи му е забранет влез во Дубаи. Иако службениците на аеродромот не прецизираа, медиумите пренесуваат дека изгледот е причина што Ролф Бухолц не можел да влезе во Обединети Арапски Емирати.
На 53-годишниот Германец му било забрането да влезе во Дубаи, и тој бил вратен на аеродромот кога веќе тргнал кон својот хотел.
Аеродромските службеници не ја наведоа причината поради која му одбиле влез на Бухолц, кој има 453 пирсинзи на своето тело, и два рога на челото, пишуваат весниците во Дубаи и наведуваат дека тој бил упатен во авион за Истанбул.
Портпаролот на хотелот во кој Бухолц требало да се смести, рече дека менаџментот не му успеало, наспроти сите обиди да добие дозвола за негов влез во Обединети Арапски Емирати.
Дубаи инаку се смета за најотворена земја меѓу конзервативните монархии на Заливот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


