Моторциклистот на Хонда Репсол, но не Марк Маркез туку неговиот сонародник Шпанецот Дани Педроса е победник на денешната трка во Чешка возена на патеката во Брно.
Ова е првпат годинава некој друг возач да победи во МотоГП шампионатот,а да не биде актуелниот шампион Маркез.
Во 11 трка година Маркез заврши на четвтото место, зад Дани Педроса, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси.
Најдобриот на сите времиња легендарниот Валентино Роси кој има седум титули во циркусот на две тркала со стартот на патеката во Брно се изедначи по бројот на трки со Алекс Барош и сега двајцата имаат по 245.
Во генералниот пласман и покрај разочарувачкото четврто место денеска, неприкисновениот Марк Маркез има 263 поени пред Дани Педроса кој досега собра 186 и Хорхе Лоренцо со 173 бода.
Следната трка се вози за големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


