| четврток, 6 декември 2018 |

Звучно чистење како вовед во етничко расчистување

На­па­дот на ка­фе-ба­рот „Њу Ор­ле­анс“ во Ста­ра­та скоп­ска чар­ши­ја отво­ри нај­мал­ку две те­ми. Ед­на­та кол­ку сме то­ле­рант­ни кон по­и­на­кви­те од нас ко­га тие ги спро­ве­ду­ва­ат сво­и­те на­ци­о­нал­ни, ет­нич­ки, вер­ски или дру­ги оби­чаи и на­чин на жи­вот, и вто­ра­та, пра­ша­ње­то за на­силс­тво­то ка­ко од­го­вор на по­ја­ви­те во оп­штес­тво­то во кои учес­тву­ва­ат оп­штес­тве­ни гру­пи што се по­и­на­кви од нас

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Во зем­ја во ко­ја ед­на ет­нич­ка гру­па го има нај­го­ле­ми­от дел од вла­ста во др­жа­ва­та и во ко­ја ин­сти­ту­ци­и­те и спо­ред европ­ски стан­дар­ди функ­ци­о­ни­ра­ат во сог­лас­ност со ци­ви­ли­зи­ра­ни­те те­о­рет­ски и пра­ктич­ни пра­ви­ла, ма­ли­ци­оз­но е да се пи­шу­ва де­ка мал­цинс­тво­то од кој би­ло вид е за­ка­на за мно­зинс­тво­то или де­ка по­ма­ла за­ед­ни­ца мо­же да пра­ви при­ти­сок врз по­го­ле­ма­та. Се­пак, Ма­ке­до­ни­ја со сво­и­те спе­ци­фи­ки до­ка­жу­ва де­ка и оваа вер­зи­ја мо­же да би­де и тоа ка­ко ре­ал­на.

Слу­ча­јот „Њу Ор­ле­анс“ во кој гру­па не­за­до­вол­ни мла­ди лу­ѓе за кои си­те зна­ат де­ка се Ал­бан­ци, но мал­ку­ми­на са­ка­ат јав­но да го наг­ла­сат тоа за­тоа што со тоа, на­вод­но, ќе се пре­кр­шел но­ви­нар­ски­от ко­декс, кој за­бра­ну­ва ге­не­ра­ли­за­ци­ја и пре­фр­ла­ње на ин­ди­ви­ду­ал­ни и груп­ни ак­ции на це­ла ет­нич­ка за­ед­ни­ца, не е изо­ли­ран слу­чај во та­ка­на­ре­че­ни­от „ау­ди­об­лок-проб­ле­ми“ со кои се со­о­чу­ва Ма­ке­до­ни­ја.

По­ра­ка­та од кр­ше­ње­то про­зор­ци на ка­фе-ба­рот во Ста­ра­та чар­ши­ја не смее да се гле­да са­мо ка­ко из­лив на не­за­до­волс­тво на гру­па мла­ди пи­ја­ни лу­ѓе, кои се сте­па­ле за де­вој­ка или за­тоа што не би­ле до­вол­но до­бро об­ле­че­ни за да вле­зат во не­го. Слу­ча­јот во кој на­сил­ни­ци­те ба­ра­ле да не се пу­шта ма­ке­дон­ска и срп­ска му­зи­ка е кла­сич­на ет­нич­ка омра­за и на­ци­о­нал­но мо­ти­ви­ра­но на­силс­тво, кое се­га за­вр­ши­ло со скр­ше­ни про­зор­ци, а утре мо­же да про­дол­жи со експ­ло­зи­ја на рач­на гра­на­та или со ра­фал­на стрел­ба од не­кој до­бро под­мач­кан „ка­лаш­ни­ков“ од 2001 го­ди­на. Слу­ча­јот по­ка­жу­ва де­ка омра­за­та што по­стои кај опре­де­ле­ни ка­те­го­рии лу­ѓе ве­ќе не мо­же да би­де кон­тро­ли­ра­на ни­ту од по­ли­тич­ки пар­тии, ни­ту од има­ми и по­по­ви, ни­ту од ло­кал­ни ли­де­ри или ес­на­фи од чар­ши­ја­та, кои на сво­јот џеб ќе ги по­чув­ству­ва­ат пос­ле­ди­ци­те од ди­ве­е­ње­то на мла­ди­те Ал­бан­ци.
По­ра­ка­та од актот на од­зе­ма­ње и кр­ше­ње на те­ле­фо­нот на вра­бо­те­на­та, ко­ја са­ка­ла да по­ба­ра по­ли­ци­ска по­мош, е јас­на. Вие сте на на­ша те­ри­то­ри­ја , ов­де не ва­жи за­ко­нот и ако не ги по­чи­ту­ва­те на­ши­те пра­ви­ла, ќе си има­те проб­ле­ми.

 

Ка­де се се­га ал­бан­ски­те ме­ди­у­ми

Нај­го­ле­ми­от проб­лем во ана­ли­зи­ра­ни­те со­стој­би, се­пак, не се тие де­се­ти­на мла­ди на­сил­ни­ци што не мо­жат да слу­ша­ат ма­ке­дон­ска му­зи­ка, ту­ку ал­бан­ски­те ли­де­ри, кои и са­ми­те се дел од ат­мо­сфе­ра­та во нив­на­та за­ед­ни­ца. По­втор­но не слуш­нав­ме осу­да од Ал­бан­ци­те за не­ми­ли­те сце­ни во Скоп­ска­та чар­ши­ја, по­втор­но нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции на Ал­бан­ци­те, кои се глас­ни ко­га ќе се по­чув­ству­ва­ат по­вре­де­ни или на­вре­де­ни, го пре­мол­чеа ин­ци­ден­тот, кој е кла­си­чен при­мер на шо­ви­ни­зам. Не­о­су­ду­ва­ње­то на „сво­и­те“ што учес­тву­ва­ат или што се инс­пи­ра­то­ри на на­силс­тво е ед­на од стра­те­ги­ски­те гре­шки на ал­бан­ски­от ци­ви­лен се­ктор, кој не смог­на си­ли во овие 20 го­ди­ни да се от­трг­не од на­ци­о­нал­ни­от предз­нак и да пре­рас­не во ви­стин­ско гра­ѓан­ско дви­же­ње. По­крај нив­но­то мол­че­ње, уште по­го­лем проб­лем е што во ал­бан­ски­от блок има кри­за на ли­дерс­тво. Ед­на од пос­ле­ди­ци­те на про­те­сти­те за слу­ча­јот „Мон­струм“ не е са­мо па­дот на вли­ја­ни­е­то на нај­сил­на­та ал­бан­ска пар­ти­ја ДУИ, ту­ку и оп­шти­от пад на вли­ја­ние на по­ли­тич­ки­те и ин­те­ле­кту­ал­ни фа­кто­ри врз од­не­су­ва­ње­то на мла­ди­те лу­ѓе, кои се под­го­тве­ни за на­силс­тво. До­кол­ку оваа со­стој­ба не се про­ме­ни на­ско­ро, Ма­ке­до­ни­ја до­пр­ва ќе ја оче­ку­ва­ат се­ри­оз­ни пре­диз­ви­ци за вре­ме на кои не е иск­лу­че­но да се дој­де во си­ту­а­ци­ја ка­ко во 2001 го­ди­на, ко­га ма­ке­дон­ска­та стра­на не зна­е­ше со ко­го да раз­го­ва­ра за ре­ша­ва­ње на проб­ле­ми­те, од­нос­но дол­го вре­ме проб­ле­ми­те ги ре­ша­ва­ше со ДПА, ко­ја не­ма­ше ни­ка­ква кон­тро­ла на те­рен. До­кол­ку тоа, на­ви­сти­на, се слу­чи, перс­пе­кти­ви­те за мир­но над­ми­ну­ва­ње на пре­диз­ви­ци­те ќе би­дат ми­ни­мал­ни.

 

Свес­но или не­свес­но, гру­па­та мла­ди на­сил­ни­ци го спро­ве­де во пра­кти­ка ми­тот за по­де­ле­но­то Скоп­је, при­каз­на­та што ја вр­тат не са­мо не­кои на­ши по­ли­ти­ча­ри и та­ка­на­ре­че­ни ин­те­ле­кту­ал­ци, ту­ку и го­лем број ме­ди­у­ми и по­ли­ти­ча­ри од ре­ги­о­нот. „Ова е ал­бан­ско Скоп­је во кое ре­дот не за­ви­си од ин­сти­ту­ци­и­те ту­ку од нас, лу­ѓе­то што го има­ме под кон­тро­ла“, тоа е по­ра­ка­та од на­па­дот на ло­ка­лот во кој би­ла пу­шта­на ма­ке­дон­ска и срп­ска му­зи­ка во ко­ја се пее за љу­бов, ро­ке­нрол, а, ме­ѓу ре­до­ви, се спо­ме­ну­ва, мо­же­би, и дро­га и не­ма ни­ка­ква вр­ска со ка­кви би­ло ет­нич­ки или ре­ли­ги­оз­ни по­ра­ки.

Да не по­стои дла­бо­ко вко­ре­не­та­та омра­за, ко­ја нај­до­бро се ви­де за вре­ме на пр­ви­те про­те­сти за слу­ча­јот „Мон­струм“, и да мо­же да се сед­не на иста ма­са со тие што кр­шеа во знак на про­тест за пу­ште­на ма­ке­дон­ска му­зи­ка, мо­же­би, и мо­же да се над­ми­не оваа опас­на си­ту­а­ци­ја. На та­ква­та евен­ту­ал­на сред­ба и дру­га­та стра­на ќе има со­лид­ни ар­гу­мен­ти за звуч­ни­те ата­ци што ги до­жи­ву­ва, а за кои до­се­га не­ма­ло ни­ту приб­лиж­но на­сил­ни ре­ак­ции. И на на­сил­ни­ци­те и на дру­ги прет­став­ни­ци на ал­бан­ска­та јав­ност на ед­на та­ква сред­ба мо­же да им се ка­же де­ка е мно­гу по­о­па­сен зву­кот што се слу­ша при пу­ка­ње на свад­би­те од зву­кот на ма­ке­дон­ски­те поп или евер­грин-ме­ло­дии во чар­ши­ја­та.

На­вик­на­ти да не се бун­ту­ва­ат и да ја при­фа­ќа­ат ре­ал­но­ста та­ква ка­ква што е, Ма­ке­дон­ци­те, иа­ко ме­ѓу се­бе зна­ат да се по­жа­лат на ра­фал­ни­те стрел­би од свад­би­те што се пра­ват, нај­че­сто, во лет­ни­те ме­се­ци, ре­тко јав­но се жа­лат на нив. Иа­ко не­ци­ви­ли­зи­ра­на­та на­ви­ка да пу­ка­ат ко­га но­сат не­ве­ста или зет до­ма ја има­ат и Ма­ке­дон­ци и Ал­бан­ци и Бош­ња­ци и Ср­би и си­те дру­ги за­ед­ни­ци, се­пак ма­ла ана­ли­за ќе по­ка­же де­ка во нај­го­лем дел ин­ци­ден­ти­те се слу­чу­ва­ат на ал­бан­ски свад­би, што по не­ко­ја ло­ги­ка ја по­твр­ду­ва те­за­та де­ка на нив и најм­но­гу се пу­ка. Са­мо во пос­лед­ни­ве 24 ме­се­ци Ма­ке­до­ни­ја бе­ше све­док на не­кол­ку ин­ци­ден­ти во кои ги­неа или беа ра­не­ти сва­то­ви и ре­чи­си си­те тие беа од ал­бан­ска на­ци­о­нал­ност. Па, се­пак, до­се­га јав­но­ста не слуш­на де­ка не­ко­ја гру­па Ма­ке­дон­ци, уште по­мал­ку Ро­ми или Ср­би, се оби­де­ла по прин­ци­пот упо­тре­бен во ка­фе-ба­рот „Њу Ор­ле­анс“ да искр­ши ин­вен­тар, про­зор­ци или да искр­ши мо­би­лен те­ле­фон на сват што са­ка да по­ви­ка по­ли­ци­ја. За да би­де ра­бо­та­та по­тра­гич­на, и по­ли­ци­ја­та во­оп­што не се оби­ду­ва да ја спре­чи тра­ди­ци­ја­та, ко­ја прет­по­ста­ву­ва дол­га ра­фал­на стрел­ба од авто­мат­ско оруж­је или праз­не­ње цел шар­жер од пи­што­ли, или го пра­ви тоа со слаб ус­пех. Нај­че­сто об­јас­ну­ва­ње­то на по­ли­ци­ја­та е де­ка е те­шко да се утвр­ди кој точ­но пу­кал, а на­стра­на и фа­ктот што со евен­ту­ал­на ин­тер­вен­ци­ја на по­ли­ци­ја­та мо­же да би­де на­вре­де­на фа­ми­ли­ја­та што ја ор­га­ни­зи­ра свад­ба­та и, се раз­би­ра, тоа да пре­диз­ви­ка уште по­го­лем проб­лем во сре­ди­на во ко­ја има мно­гу­ми­на во­о­ру­же­ни. Ако жи­ве­е­те во на­сел­ба­та Чен­то, на при­мер, де­но­ви­ве се­којд­нев­но мо­же­те да би­де­те све­до­ци не на де­се­ти­ци или сто­ти­ци, ту­ку на ил­јад­ни­ци истре­ла­ни кур­шу­ми при­дру­же­ни со ил­јад­ни­ци ва­ти му­зи­ка, при што не­ре­тко кур­шу­ми­те истре­ла­ни во воз­дух при па­дот на зем­ја за­вр­шу­ва­ат во не­чиј двор или во не­чи­ја гла­ва. При­ме­рот со свад­ба­рот во Стру­га што по­вре­ди шест го­сти на свад­ба, е са­мо ед­на по­твр­да за опас­но­ста од овие случ­ки, но уште по­ве­ќе до­каз де­ка по­ли­ци­ја­та не ус­пе­ва да се со­о­чи со оваа по­ја­ва на до­ка­жу­ва­ње на ма­шко­ста пре­ку упо­тре­ба на пи­што­ли и на авто­мат­ски пу­шки.

 

Звуч­но чи­сте­ње

Ко­га ста­ну­ва збор за звуч­ни проб­ле­ми, се­ка­ко, нај­ка­ра­кте­ри­сти­чен е проб­ле­мот со прег­лас­но­то пе­е­ње на ис­лам­ски­те има­ми, кое е осо­бе­но за­бе­леж­ли­во во те­кот на лет­ни­те ме­се­ци и ко­га мо­ли­тви­те пре­не­се­ни пре­ку из­во­нред­но сил­ни­те звуч­ни­ци мо­жат да ве раз­бу­дат од најд­ла­бок сон. Во те­о­ри­ја­та на конф­ли­кти­те, пре­сил­ни­те звуч­ни­ци на ми­на­ри­ња­та се на­ре­ку­ва­ат „звуч­но чи­сте­ње“, од­нос­но еден вид ет­нич­ко чи­сте­ње со упо­тре­ба на зву­ци за кои сте си­гур­ни де­ка се не­при­ја­тел­ски до­че­ка­ни од дру­ги­те, а при­тоа тој што ги соз­да­ва ис­пра­ќа по­ра­ки де­ка со тоа го оз­на­чу­ва те­ре­нот што е под не­го­ва кон­тро­ла. Иа­ко овој проб­лем е по­ве­ќе од ре­ли­ги­оз­но-аку­стич­на, а не од ет­нич­ка при­ро­да, и ов­де по­втор­но се ра­бо­ти за це­лос­на не­чув­стви­тел­ност кај дел од ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца, ко­ја не во­ди сме­тка за слу­хот и за емо­ци­и­те на тие што не се мус­ли­ма­ни. И ов­де ин­сти­ту­ци­и­те, во­деј­ќи се од прин­ци­пот да не се соз­да­ва до­пол­ни­тел­на тен­зи­ја, не са­ка­ат или не мо­жат да утвр­дат де­ка де­ци­бе­ли­те што ги про­из­ве­ду­ва­ат звуч­ни­ци­те на џа­ми­и­те се не­кол­ку­крат­но по­ви­со­ки од за­кон­ски доз­во­ле­ни­те. Се раз­би­ра, исто ка­ко што нај­го­лем дел од Ал­бан­ци­те и од мус­ли­ма­ни­те во­оп­што има­ат то­ле­ран­ци­ја за пра­вос­лав­ни­те мо­ли­тви за Ве­лиг­ден та­ка и не­мус­ли­ма­ни­те мо­жат да го раз­бе­рат за­си­ле­ни­от глас на оџи­те за вре­ме на Ра­ма­зан или на Кур­бан-ба­јрам. Но ка­ко мо­же да се об­јас­ни фа­ктот што во 4 ча­сот на­у­тро и вер­ни­ци­те и не­вер­ни­ци­те, и мус­ли­ма­ни­те и ка­то­ли­ци­те и пра­вос­лав­ни­те се осу­де­ни да ги пре­жи­ве­ат дол­ги­те пет ми­ну­ти, кол­ку што трае утрин­ска­та мо­ли­тва. И во овие слу­чаи до­се­га не чув­ме де­ка не­кој се по­бу­нил или де­ка, не дај бо­же, оти­шол и се за­ка­нил де­ка ако пе­е­ње­то не пре­ста­не ќе има пос­ле­ди­ци по тие што се од­го­вор­ни за тоа. Уште по­мал­ку не­кој кр­шел ин­вен­тар или мо­бил­ни те­ле­фо­ни. А не де­ка не­ма та­кви што со лес­но­ти­ја би го на­пра­ви­ле тоа. Лу­ѓе со ни­ска то­ле­ран­ци­ја има во се­ко­ја ет­нич­ка или ре­ли­ги­оз­на гру­па.

 

(објавено во 101. број на неделникот „Република“, 8.08.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top