Во финалето на ракометниот турнир во Струга играат македонските најдобри ракометни екипи Металург и Вардар. Големата борба на теренот и вон него во минатите години продолжи и во подготвителниот период за двете екипи за следната сезона. Во првото полувреме при еден напад на Вардар во дуел влегоа српскиот интернационалец во редовите на „црвено-црните“ Алем Тоскиќ и македонскиот репрезентативец од редовите на Металург Велко Марковски. Веднаш од двете клупи влетаа повеќе ракометари, но со намера да ја смират ситуацијата и коректно да заврши овој турнир.
Судиите веднаш им доделија црвени картони на двајцата актери и беа исклучени од игра.
Натпреварот изоблува со груба и тензична игра во која се доделени многу исклучувања за две минути.
На полувремето Металург води со четири гола разлика (12-8).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


