Германската разузнавачка служба БНД покрај Хилари Клинтон, го шпионирала и нејзиниот наследник, Џон Кери. Магазинот „Шпигел“ објавува дека била прислушувана и Турција, сојузникот од НАТО.
Според информации на информативниот магазин „Шпигел“, германската тајна служба БНД со години ја шпионирала Турција, можеби до денес. Германскиот сојузник од НАТО, од 2009 година бил дел од се‘уште актуелниот налог на владата како официјална цел на разузнавање. Владата секои четири години ги утврдува тежишните цели на разузнавачката служба БНД. Актуелниот профил се‘уште не е обновен поради скандалот со НСА, пишува „Шпигел“.

Освен тоа, БНД не само што ја прислушувала американската екс- министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон, туку и нејзиниот наследник на функцијата, актуелниот шеф на американската дипломатија, Џон Кери. „Шпигел“ тврди дека бил пресретнат најмалку еден разговор на Џон Кери. Негови телефонски разговор воден преку сателит во 2013 година, случајно влетал во надгледувачката мрежа на БНД, „распната“ над Блискиот Исток, исто како и една година претходно со телефонскиот разговор на Клинтон. Информациите на „Шпигел“ велат дека Клинтон во таа прилика разговарала со генералниот секретар на ОН, Кофи Анан. Двата разговори не биле намерно прислушувани, туку билепресретнати случајно, во рамките на други операции, пишува неделникот, повикувајќи се на извори од безбедносни кругови.
Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ и телевизиите НДР и ВДР претходно денеска објавија дека агенти на германската државна безбедност снимале разговор и на претходничката на Кери, Хилари Клинтон, во времето кога таа беше државен секретар на САД.
И германската влада, како и портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа одбија да ги коментираат новинарските написи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Три лица се повредени во напад со нож во Германија


