Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечерва во 20 часот во Музејот на современата уметност ќе се обрати на отворањето на ретроспективната изложба на Александар Станкоски, македонски уметник и значаен претставник на современата ликовна сцена.
На изложбата ќе бидат презентирани 128 дела од богатото творештво на Станкоски, а претходно, во 19 часот ќе биде промовирана и монографијата чии автори се Александар Станкоски и Владимир Величковски преку која може да се добие целосната слика за развојниот творечки пат на овој современ ликовен автор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.