Два дена по ред, СДСМ испраќа реакции на текстови објавени во Курир, по што Курир реагира дека ниту еднаш не добиле одговор на нивните прашања
-Од наша страна, професионално, демантите беа објавени. Единствениот одговор кој го добивме е дека Заев бил во Грција иако таа информација на јавноста веќе и е позната – пишува Курир.
Понатаму порталот запрашува: Што кријат Заев и СДСМ?
– Поминаа точно 24 часа од кога Курир се обрати до портпаролот и до првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, за тоа каде летува во Грција, но не добивме конкретен одговор.Курир го пренесе само она што се говори низ матичниот град на Заев, Струмица, а што неретко како пракса се покажало за точно и вистинито, она што тие луѓе го знаат и зборуваат за нивниот градоначалник и прв човек на СДСМ. Тоа најдобро може да се види во обелоденувањето на низа афери како што се доделување на тендери преку општината на блиски луѓе до Заев, на неговиот брат, братучеди, бизнис ортаци. Но, да се навратиме на суштината. СДСМ и по сите наши обиди се уште на објавува каде бил Заев во Грција, во кој дел, дали се точни гласините од Струмица дека својот одмор го поминал во сопствена луксузна вила? Во истата смисла на која СДСМ се повикува на кривичниот законик, дополнета со новинарскиот и етичкиот кодекс, а поткрепена со правото граѓаните да ја знаат вистината, КУРИР го повикува СДСМ да се извини за невистините, навредите и етикетите содржани во нивното соопштение, дополнително да објаснат бидејќи Заев молчи, чија е оваа куќа во Грција, лоцирана непосредно до крајбрежјето на неколку десетина метри од морето? – објави порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.