| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ демантира: Заев закупи простор во Грција и сам си го плати

СДСМ го демантира текстот на Курир со наслов „Заев во Грција бил во неговата луксузна куќа“.

sdsm1233311

Од партијата велат дека Заев, својот одмор го поминал со закуп на простор, на своја сметка.  Ниту во овој демант, СДСМ не кажува каде точно летувал Заев.

– Очигледна е нервозата кај власта штом решила со лажни, целосно измислени текстови да се брани за прашањата коишто јавноста ги поставува за луксузниот одмор на Никола Груевски. И наместо да измислува и да лаже, ја повикувам власта нека одговори:  На чија сметка летува Никола Груевски во Бодрум, Турција? Дали луксузниот одмор на Груевски го плаќаат македонските граѓани и колку чини? Колку вкупно лица го придружуваат Никола Груевски и кој го плаќа нивниот ангажман? Која е основата некој друг да го плати одморот на Груевски и дали овој поклон е уредно пријавен од страна на Груевски – пишуваат од СДСМ.

Од партијата побараа извинување од редакцијата на „Курир“ и објавување на овој демант.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top