
Претседателот на СДСМ и целата негова партија го држат во тајност местото каде што летувал Зоран Заев. Медиумите пишуваа дека тој бил на одмор во Грција, но нема одговор на кое место уживал опозицискиот лидер. И СДСМ во вчерашното соопштение не одговорија конкретно, само потврдија дека лидерот им бил на одмор во Грција.
Во неговата партија молчи и портпаролот и сопартијците, но за неговиот летен одмор се говори и во Струмица, општината каде што тој е градоначалник. Курир пренесе дел од информациите и разговорите, кои може да се слушнат во Струмица. Порталот објави дека струмичани знаат дека Заеви се чести гости во Грција, особено во летниот период. Како што говорат таму граѓаните, а и некои медиуми веќе пишуваа за тоа, Заев е сопственик на одреден недвижен имот кај нашиот јужен сосед.
Се говори дека Зоран Заев за време на својот одмор престојувал во луксузна куќа на грчкото крајбрежје, која е во негова сопственост. Според муабетите што кружат во Струмица, чести посетители на таа куќа биле и одредени новинарски имиња од Македонија.
И пред неколку месеци, посетите на Заев во Грција го разбудија интересот и сомнежот кај македонските граѓани. Како што објави тогаш „Дневник“, Заев во неколку наврати ја минувам македонско-грчката граница пешки, на излез и на влез. Весникот праша зошто тоа би го правел човек што има автомобил од 80.000 евра.
И на оваа афера одговорот од Бихаќка беше молк.
За финансиската состојба, луксузните автомобили и недвижнини на Заев веќе долго време се пишува во македонските медиуми. Новонастанатата состојба го остави отворено прашањето – што сака Заев да сокрие од јавноста молчејќи каде бил на одмор?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


