Стравот од ебола меѓу Либеријците го претвори Балаџа во село фантом, закопано во тишината, која е нарушена само од офкањата на 12-годишната Фату Шериф, која веќе со недели е затворена со телото на мајка си „без храна и вода“ и го чека својот ред да умре.
– Хеморагичната треска го уби нејзиното семејство, раскажува Момо Уиле, локалниот кмет. Балаџа се наоѓа на 150 километри од Монровија, блиску до границата со Сиера Леоне.
Според зборовите на белокосиот и белобрад 70-годишен старешина, со кого АФП разговараше во неделата, девојчето живеело мирно и тивко со својот 51-годишен татко Абдула Шериф, со 43-годишната мајка Сејдија Пасауи Шериф, и со брат и Барни кој е на 15-годишна возраст.
Но на 20 јули, кај нив би откриен смртоносниот вирус: обземени од паника, близу 500-те селани почнале да се дистанцираат од семејството Шериф и ги алармирале здравствените власти.
Лекарите доцнеле, така што селаните се дигнале на протест и со барикади го препречиле патот кон Сиера Леоне. Кога екипата на минстерството за здравство конечно пристигнала, таткото бил починат веќе пет дена, а мајката и ќерката заразени. Тестот за ебола дал негативни резултати само кај синот.
Санитарната екипа го подигнале и закопале телото на Абдула. „Ни наредија да не се доближуваме до жената и ќерка и“, објаснува Момо Уилс. „Ги затворија внатре и ги запечатија вратите и прозорците“.
Сејдија и Фату “непрекинатио плачеа, ден и ноќ, молеа за храна, но сите беа исплашени“, да се доближат до куќата каде двете биле оставени „без храна и вода“, додава тој.
– Мајката почина на 3 август, и ќерката остана затворена со нејзиното тело, а на 10 август лекарите дојдоа да го земат телото за да го погребаат, продолжува старецот и бликна во солзи. „Малата остана сама и само плаче“.
Од надвор не се гледа што се случува во куќата – вратите и прозорците се покриени со платно, забележа репортерот на АФП. Стенкањата на девојчето од време навреме ја разбиваат тишината во мирното мало селце со тесни улички со расфрлани отпадоци. На брзина заборавените дребулии се расфрлани од некои куќи, кои се оставени со отворени врати.
„Никој не ми се доближува“
Втурнати да бегаат, селаните биле одбиени од луѓето во блиските села кои исто биле опфатени со психозата заради еболата, вели Момо Уилс.
Сите „заминаа во планината. Останав тука со неколкумина роднини, чии семејства се исто така во планината. Селото едноставно е напуштено“, додава тој.
Според кметот, дури и на момчето со негативен тест за ебола му е забрането да влегува дома.
Отфрлен од селаните, Барни се сместил во една науштена мрачна куќа каде го пронајде репортерот на АФП – валкано и слабичко момче со тажни очи и испиено лице. Носи извалкана и избледена сина тениска маица и искинати сандали.
– Тука спијам и тука седам по цел ден. Никој не смее да ми се доближи. А нели ми рекоа дека немам ебола. Штом ќе огладнам, одам во саваната да си најдам некакви зеленчуци, со липање зборува момчето.
Во вторникот, Момо Уилс го побараа по телефон од Монровија и тој им соопшти дека Фату најпосле починала во текот на ноќта. Сама самичка без вода и храна. Тој не знае што се случува со Барни.
Замолени да дадат коментар, санитарните власти засега не сакаат да заземат став.
Претседателката Елејн Џонсон Сурлијф на 5 август објави вонредна состојба во земјата заради распостранетоста на вирусот ебола, кој според последното соопштение на Светската здравствена организација од 9 август, одзел веќе 1013 жртви во западна Африка, од кои 323 во Либерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



