
Кајра и Бријел Џексон се близначки родени 12 недели пред терминот, а биле тешки по еден килограм. Кајра во својот инкубатор подобро напредувала, додека Бријел имала проблеми со дишењето и со срцето. Лекарите им соопштиле на родителите Хајди и Пол Џексон дека една од близначките нема да преживее. Но, медицинската сестра Гејл Каспаријан решила да ѝ даде уште една, можеби и последна можност на Бријел. Таа бебето го ставила во инкубатор заедно со сестра му и останала без зборови кога видела дека Кајра ја префрлила својата рака врз телото на својата сестра.
-Беше неверојатно. Во истиот момент Бријел се смири и ја врати својата боја – се сеќава Гејл.
Во рок од неколку минути, нејзиното дишење се вратило во нормала, а постепено се нормализирала и работата на срцето.
Родителите по неколку недели ги однеле две девојчиња во домот, каде што во ист кревет спиеле заедно сè додека не навршиле шест години.

– И денес се најдобри пријателки и не се делат – вели таткото на близначките, кои денес имаат 19 години.
Според зборовите на лекарите, Бријел заздравела во прегратката на сестра си благодарение на лачење на окситоцин и ендорфин, хормон на задоволство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


