| четврток, 6 декември 2018 |

Копи – пејст говор на Заев

По ед­но­ме­сеч­но „ку­ли­ра­ње“, лидерот на опозицијата Зоран Заев реши да се појави во јавност. Дојде на прославата на илин­ден­ско Кру­ше­во. Се појави и се избламира. Лидерот на опозицијата, како што е редот, упати илинденска честитка до Македонците, до граѓаните. Но притоа заборавил дека не сите се со кратко паметење. Па така Заев годинава ја упати истата честитка како и минатиот Илинден. Иста порака, исти датум, но различна година… Тие пет-шест ре­че­ни­ци со кои се оби­де да „изра­зи по­чит кон хе­ро­и­те што ги да­ле жи­во­ти­те за не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја“, всуш­ност беа истите од че­сти­тка од ми­на­та­та го­ди­на.

zaev

Еве ја овогодинешната честитка од Заев:

Соопштение – честитка на СДСМ по повод 111години од одбележување на Илинденското востание и 70 години од одбележување на првото заседание на АСНОМ

 Почитувани,

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев во негово лично име и во името на СДСМ, на сите граѓани на Република Македонија им го честита одбележувањето од 111 години од Илинденското востание и 70 години од првото заседание на АСНОМ.

Овој свет датум е вечен потсетник на темелите на македонската државност. Денеска им оддаваме почит на нашите херои кои го дале својот живот за слободна и независна Македонија, дом за сите граѓани кои живеат тука.

Денес, повеќе од кога и да е , имаме потреба да ја вратиме слободата на духот, креативната движечка сила која единствено носи напред. Слободата и идејата по која копнееле и се бореле илинденците, годинава, на 70 годишнината од АСНОМ, да ја насочиме кон создавање општество на слободни граѓани кои без разлика на својата верска и национална припадност , ќе разменуваат идеи, мисли и визии и со тоа ќе градат подобро утре, за што сонувале и предците, а го заслужуваат нашите поколенија.

Денешниот ден нека не биде само бележник, туку и мотив, сите да се свртиме кон заедничка иднина, достоинствен дом во кој има место за сите.

Нека ни е честит големиот празник Илинден со надеж дека Македонија конечно ќе успее да направи исчекор интегрирајќи се во евро–атлантските асоцијации што ќе придонесе на поквалитетен живот на сите граѓани чиј дом е Македонија.

Скопје, 02.08.2014                                                                  

                                                                    ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Минатата година пак започна со:

Демократски слободна, економски стабилна, целосно меѓународно признаена и почитувана, светла и современа Македонија – со тој копнеж, ние, денешните генерации го дочекуваме годинешниот 2 август, голем ден, Илинден

За потоа да продолжи:

Овој свет датум е вечен потсетник на темелите на македонската државност. Денеска им оддаваме почит на нашите херои кои го дале својот живот за слободна и независна Македонија, дом за сите граѓани кои живеат тука.

Продолжува со:

Денешниот ден нека не биде само бележник дека само со единство може да се успее, туку и мотив, да ги оставиме разликите од каква природа и да се, секој да извлече максимум од себе да покажеме меѓусебна  почит, сите да се свртиме кон заедничка иднина, достоинствен дом во кој има место за сите.

Слободата на земјата по која копнееле и тргнале илинденците пред 11о години, годинава, на 69 годишнината од АСНОМ, да ја насочиме кон создавање општество на слободни граѓани кои  разменувајќи идеи, мисли и визии градат подобро утре, за што сонувале и предците, за што сонуваме ние, а го заслужуваат нашите деца.

Коментарот на уредникот на неделникот „Република“ за говорот на Заев прочитајте го на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top