Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо, изјави дека неговата екипа има квалитет да доминира во Премиерлигата во наредните 10 години.
– Сега имам тим каков што сакам. Тоа е екипата за утре, за сезоната која е пред нас, но и со таков квалитет може да се владее во следните 10 години. Имаме доста млади и талентирани фудбалери. Иако ниеден тренер нема перфектен тим, можам да кажем дека сум среќен – изјави Мурињо.
Екипата на Челси новата сезона во Премиерлигата ја почнува следниот понеделник на гостувањето кај Барнли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.