Тренерот на Челси, Жозе Мурињо призна дека до крајот на летниот преоден рок ќе треба да продаде некој странски фудбалер кој игра во неговиот тим.
Бројот на странци во тимот на Челси ја преминува дозволената бројка уште за еден играч. Во текот на преодниот рок Мурињо ги ослободи од услугите Ромелу Лукаку и Кристијан Атсу, но до 31 август, до кога трае рокот за траснфер на играчи, уште еден странец ќе мора да ги спакува куферите.
Сите шпекулации беа дека Мурињо ќе се ослободи од Виктор Мозес поради вишокот играчи кои играат на истата позиција. Сепак, Мозес ќе остане во тимот бидејќи е Англичанец.
– До крајот на предониот рок ќе мора се ослободиме од еден странски играч. Ситуацијата е деликтна и ќе мора со добра анализа да одлучиме кој играч ќе нѐ напушти. Виктор не е опција бидејќи е Англичанец и покрај тоа што на неговата позиција ги имаме Азар, Вилијан, Салах и Ширле – изјави Мурињо.
Англиските медиуми шпекулираат со четири имиња како кандидати за отказ од Челси. Марк ван Гинкел, Џон Оби Микел, Фернандо Торес и Петр Чех.
Ако се покаже дека Мурињо го одбрал Тибо Куртоа за прв голман во новата сезона, тогаш можно е Петр Чех, кој најави дека намера да ја грее клупата за резерви, да го напушти Челси. Инаку, тој се поврзува со Монако. Оби Микел не добива доволна минутажа во тимот, а формата на Фернандо Торес е запрепастувачка.
Кој ќе отпадне од тимот ќе одлучи самиот Мурињо до крајот на предниот рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.