
Првите регистарски таблички за моторни возила почнале да се користат на денешен ден, 14 август 1893 година во Франција.
На тој начин, Франција стана првата земја во светот која почнала на автомобилите да поставува регистарски ознаки, иако и самите автомобили се појавиле на патиштата некоја година подоцна.
Првите таблички во Германија, земјата на изумителот на модерниот автомобил со внатрешно согорување се појавиле во 1896 година.
Со воведувањето во употреба на сопствени регистерски ознаки, Холандија во 1898 година воедно стана и првата земја која имала „национални“ таблички. Првото возило на табличката го имало бројот „1“, а само една година подоцна издадена е регистрација со реден број 168. Кога во 1906 година Холанѓаните одлучиле да го сменат начинот на кој ги означуваат автомобилите, последната табличка го носела бројот 2001.
Во САД, каде производството на автомобили доживеа нагла експанзија во првите децении од 20 век, првите регистарски таблички ги имале возачите во сојузната држава Њујорк, во 1901 година. На почетокот, сопствениците биле должни сами да се погрижат за изработката на табличките, а подоцна таа работа минала во надлежност на државните власти.
Првата американска сојузна држава која организирала производство и издавање автомобилски регистарски таблички била Масачусетс во 1903 година.
На почетокот, табличките се изработувале од кожа, гума, железо, па дури и од порцелан.
Современите таблички се произведуваат од алуминиум. Иако во САД секоја сојузна држава и натаму издава сопствени регистарски ознаки, табличките се стандардизирани и нивните димензии изнесуваат 30,5Х15,25 цм.
Земјите од Европската унија, исто така, имаат таблички со стандардизирана големина, 52Х11 цм.
Табличките во една држава можеби се со исти димензии, но тоа не подразбира дека имаат исто значење и вредност. Во некои земји на цена се оние кои имаат специфични ознаки.
Така, британската регистерска табличка „Ф1“ во 2008 година е продадена за 400.000 фунти, а сегашниот сопственик за неа бара неверојатни 10 милиони фунти.
За нешто помала сума, 10,5 милиони евра, во 2008 година во Обединетите Арапски Емирати продадена е табличка со ознака „1“, а парите се искористени во хуманитарни цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


