| четврток, 6 декември 2018 |

Плати 8 милиони евра за регистарска табличка, а на неа има само една буква и една бројка (Видео)

Индискиот бизнисмен Балвиндер Сахани кој живее во Дубаи, на аукција платил повеќе од 8 милиони евра за да купи регистерска табличка на која пишува само Д5 за да си ја задоволи својата колекнционерска страст.

– Обожавам да собирам единствени регистерски таблички и горд сум на оваа што ја купив, изјавил Сахани.

Тој додал дека бил спремен да плати и повеќе пари и дека табличката му „паднала во око“.

Инаку Сахани е сопственик на фирма за недвижности, а минатата година платил 9 милиони за друга таблица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top