Во новата сезона гледачите на „Олд трафорд“ нема да можат да носат лаптоп или таблет поради страв од терористички акции. Одлуката за ваква забрана беше соопштена деновиве, а потоа стигна и дополнително соопштение за рестриктивните мерки на дуелите на кои Манчестер јунајтед е домаќин на храмот „Олд трафорд“.
На пријателскиот дуел со Валенсија во вторникот беше направен тест, како сето тоа ќе функционира, а сѐ уште не е објавено колку парчиња мобилни компјутери се задржани при влезот на стадионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.