Општинскиот комитет на СДСМ во Карпош ја бара Радмила Шекеринска за кандидат за градоначалник на оваа скопска општина. Според извори од СДСМ општинскиот комитет инсистира во трка по општинската фотелја да влезе Шекеринска, а не Андреј Петров, кој веќе еднаш раководеше со оваа општина.
Партиските извори велат дека членовите на СДСМ од Карпош веруваат дека Шекеринска полесно ќе ги добие гласовите на нивните симпатизери, а ќе земе и дел од гласовите кои доколку Петров е кандидат би отишле на адреса на Стевче Јакимовски, сега веќе ексчленот на оваа партија, кој се одлучи на непослушност и се кандидираше преку партијата на Драгиша Милетиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


