| четврток, 6 декември 2018 |

Изреал нѐ почести со тројка за нов почеток на младинската репрезентација

Израелската репрезентација за фудбалери до 21 година лесно ја победи Македонија со 3-0 на „Филип втори“ арената и остана во игра за пласман на Европското млаиднско првенство во Чешка следната година.

Мизрахи на двапати и Гозлан еднаш, беа прецизни и го оставија Израел во игра за настап на ЕП. Македонија имаше неколку шанси за почесен погодок, но изостана реализацијата.

Во овие категории за млади фудбалери постојано имаме погрешен курс, постојано подмладуваме и ветуваме, а резултатите се катастрофални.

И во овој циклус во конкуренција на Португалија, Израел, Норвешка и Азербејџан, Македонија е последна со 4 бода. Почнавме со еден, а ги завршуваме квалификациите со сосема изменет и поинаков состав. Имаме за одигрување уште еден натпревар до крајот на овие квалификации, против Израел на гости, за да се обидеме да го избегнеме последното место во конкуренција на Азербејџан, кој има ист број на бодови, но и два меча за доигрување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top