BRAVIA S90 нежно ве обвива со извонредна 4K слика и возбудлив опкружувачки звук
Постојат обични телевизори и постои новиот BRAVIA S90 4K Ultra HD телевизор кој гарантира дека вашата забава секогаш ќе биде во одлична форма.
Достапен со големина на екран од 75 и 65 инчи, S90 нуди тенок, суптилно заоблен екран за спектакуларно привлечни и природни 4K слики со 4 пати повеќе детали од Full HD. Прецизно заоблениот облик на екранот ве вовлекува директно во акцијата, правејќи го гледањето на слики со квалитет на стварноста удобно за сите.
Дали сте луди по филмови, драма или спорт? Напредната технологија од „Сони“ ја оживуваат вашата омилена забава со неверојатна јасност, светлина и боја.
Длабока слика, заоблена совршеност
TRILUMINOS екранот ги изразува емоциите од секоја сцена со богатите тонови на црвено, зелено и сино. X-tended Dynamic Range интелигентно го нагласува контрастот на подлабоки црни и блескави бели сегменти. Ќе откриете цел нов свет на детали со 4K X-Reality PRO технологијата од „Сони“ која што го зголемува квалитетот на сликата на ТВ емитувањата и Blu-ray филмовите до четири пати повеќе во однос на бројот на пиксели од Full HD. Квалитетот на сликата за S90 е истиот оној што ќе го најдете на признаениот „Сони“ X9 4K TV.
Возбудлив звук со повеќе канален систем
Присутен за прв пат, Multi-angle Live систем на звучници од „Сони“ со 4.2 канали користи посебни единици коишто прецизно ги насочуваат левиот и десниот, како и останатите канали ширум собата под посебно контролиран агол. ClearAudio+ дискретното процесирање ги чува сите индивидуални детали на оригиналниот повеќе канален микс за исклучителна јасност и дефиниција. Опуштете се и уживајте: обвиткани сте со пространиот, бескомпромисен опкружувачки звук од сите страни.
Богатиот, моќен бас го обезбедуваат два нискофреквентни звучници во телевизорот. Ако сепак сакате да одите уште подлабоко, постои можност за белиот безжичен сабвуфер, SWF-BR100, или пак за прв пат достапен во црна боја SW-BR100B – за сеизмичен низок удар кој навистина може да го почувствувате. Искористете ги совршените облини од „Сони“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Сони“ по грешка прикачи цел филм на YouTube (видео)
-
Производите на „Сони“ кои Џејмс Бонд ги користи во новиот филм се достапни и во Скопје
-
СОНИ го проширува асортиманот на компактни фотоапарати со сензор за целосна слика со ултра сензитивниот Α7S II
-
Шест производи на компанијата „Сони“ освоија ЕИСА награди





