| четврток, 6 декември 2018 |

Шест производи на компанијата „Сони“ освоија ЕИСА награди

Вкупно шест од широката палета на производи на „Сони“ беа наградени од ЕИСА (European Imaging and Sound Association) – најголемата организација на магазини за потрошувачка електроника од 22 земји. Како организација која ужива голема доверба, ЕИСА е позната по својата стручност за анализа и оценка на различен асортиман на производи, а наградите што ги освои „Сони“ ја потврдуваат континуираната посветеност на компанијата за создавање на нови и квалитетни производи со одличен стил.

Најдобар звучник во вид на подлога за телевизор во Европа за 2015-2016 година: сони ХТ-хТ3

Sony-HT-XT3

Звучникот ХT‐хT3 во вид на подлога за телевизор нуди извонреден квалитет на звукот, повеќе опции за поврзување и тенка, стилска кутија, којашто може да издржи телевизори со големина на екран до 65 инчи и тежина до 50 кг. Високиот квалитет на звукот го обезбедуваат коаксијални звучници со конуси обложени со стаклена волна и високотонец со централна купола, додека за моќниот бас се задолжени два вуфери. Можностите за поврзување се одлични, вклучувајќи и ХДМИ, мрежен кабел, вајфај, УСБ, Блутут, НФЦ и компатибилност со Гугл каст. Поддржани се форматите за звук во висока резолуција како што е Долби тру ХД, ДТС-ХД Мастер аудио, ФЛАК, ВАВ, а освен тоа, ХТ‐ХТ3 може да биде дел од поширок звучен систем за повеќе простории, кој се контролира со апликацијата „сонгпал“ од „Сони“.

Најдобар дизајн на ТВ во Европа за 2015-2016 година: „сони КД-65 Х9005Ц“

Sony-X90C

Не се случува често некој телевизор да ве воодушеви уште пред да биде вклучен, но моделот 65X9005Ц на компанијата „Сони“ ова го постигнува со својот извонреден стил. Овој телевизор со екран од 65 инчи има исклучително тенок дизајн со само 4.9 мм во најтенкиот дел. Моделот доаѓа со иновативно решение за поставување, коешто го поставува телевизорот до самиот ѕид, благодарение на вертикалниот систем за проток на воздух на „Сони“, додека оние што ќе одлучат да го постават 65X9005C на подлога, може да одберат помеѓу повеќе различни држачи за поставување со тенок алуминиумски дизајн. Освен изгледот, овој модел нуди 4K ултра ХД екран заедно со уникатната Триломинос дисплеј технологија на „Сони“ за богати бои и јасни, впечатливи слики, додека Андроид ТВ ги содржи сите опции што му се потребни на еден софистициран телевизор за дома.

Најдобар професионален систем во категорија компактни фотоапарати во Европа за 2015-2016: α7 II

Sony-A7II

Моделот α7II е „фул фрем“ компактен фотоапарат со вистински професионален квалитет во лесно куќиште. Со сензорот со 24 мп, овој модел нуди висок динамичен опсег во комбинација со низок шум при високо ИСО нагодување, а брзиот хибриден систем за автофокус нуди брзо и прецизно фокусирање. Магнезиумското тело и новиот држач целосно го менуваат чувството и ракувањето со овој фотоапарат во споредба со претходникот. Вградената стабилизација со пет оски ви дава исклучителна предност кога фотографирате со апаратот во рака, особено за фотографии одблизу и при подолга отвореност на блендата. Сето ова го прави моделот α7II сериозна алтернатива за фул фрем ДСЛР.

Најдобар компактен фотоапарат за патување во Европа: „сони сајбер- шот ДСЦ-Хx90/В“

Sony-Cyber-Shot-DSC-HX90

Моделот сајбер- шот ДСЦ-Хx90/В“  е најмалиот компактен фотоапарат со супер зум и вграден електронски визир. ZEISS Vario‐Sonnar T* објективите нудат моќен опсег од 24‐720мм кој што покрива цела низа ситуации при патување. Електронскиот визир дозволува  фотографирање, особено важно при силна светлина. ЛЦД екранот се врти за 180° дозволувајќи креативност при фотографирање од повеќе различни агли. Со овој фотоапарат може да снимате со 1080/60p во висок квалитет и лесно да споделите преку Wi‐Fi и NFC, додека моделот HX90V дополнително има вграден GPS. Ова е одличен фотоапарат за патување со џебна големина кој може да го земете секаде.

Најдобри објективи за компактен систем во Европа: Sony FE 90mm F2.8 Macro G OSS

Sony-FE-90mm-F2.8-Macro-G-OSS

 

Sony FE 90mm F2.8 Macro G OSS е веројатно најдобриот објектив од овој тип, којшто ги дава можеби најдобрите резултати што EISA експертите некогаш ги сретнале. Сликите се неверојатно јасни, дури и на самите краеви при максимална отвореност на блендата и имаат минимална дисторзија или хроматска аберација. Нивото на контраст креира одлични слики и при f/2.8 создава одлично рендериран бокех, со суптилни градации во тонот, благодарение на заоблените листови на блендата. Со цврста градба, тивко фокусирање и ефективна оптичка стабилизација, ова се објективи со највисок квалитет.

Најдобар паметен телефон за мултимедија во Европа: Sony Xperia™ Z3+

sony-xperia-z3-01

Телефонот Sony Xperia Z3+ нуди уникатна комбинација на стилски дизајн, разновидност и цврстина. Овој тенок паметен телефон кој е широк само 6.9 мм не е само отпорен на вода и прашина, тој доаѓа со напредни способности за одлична фотографија, остро 4К видео и звук во висока резолуција. Новата широкоаголна предна камера со 5 мп ќе ви овозможи да направите импресивни групни селфи-ја, додека карактеристиките на главната камера ги подобруваат перформансите при слаба светлина и овозможуваат побрзо процесирање. Аудио делот е целосно компатибилен за содржина во висока резолуција. А најдобро од се, Sony успеа да создаде батерија која може да трае до два дена со стандардно користење.

„Сони“ е водечки производител на аудио, видео, игри, комуникациски уреди и производи за информатичка технологија како за потрошувачи, така и за професионалци. Преку музиката, сликите, компјутерската забава и онлајн бизнисите, „Сони“ е единствено позициониран да биде еден од светските водечки потрошувачки брендови. „Сони“ забележа консолидирани годишни приходи од 68 милијарди долари за фискалната година која завршува на 31 март, 2015. .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top