Нудејќи исклучително висока чувствителност, широк динамички ISOопсег и стабилизација со 5 оски за поголема контрола при фотографирањето, α7S II овозможува неверојатен квалитет на сликата за сите оние фотографи кои се соочуваат со предизвик во поглед на осветлувањето, овозможувајќи им нови нивоа на фотографско изразување без разлика на брзината на блендата.
Моделот α7S II овозможува ISO опсег кој се проширува дo50-409600, благодарение на комбинацијата од 35ммсо 12.2 мегапиксели и сензор за целосна слика и BIONZ X процесор за обработка на слика. Новиот α7S II е опремен со иновативен систем за стабилизација на сликата по 5 оски кој што го коригира тресењето на фотоапаратот, вклучувајќи аголно, променливо и ротационо тресење. Автофокус системот кај моделот α7S II е подобрен и сега нуди 169 АФ точки за брзо, точно фокусирање со одлична прецизност во споредба со претходниот модел. XGA OLED визирот кај α7S II нуди досега најголемо зголемување кај електронските визири од 0.78x (скоро 38.5 степени во дијагоналното поле на гледање) и прикажува јасни слики преку целиот дисплеј.
Освен тоа, овој модел поседува цела низа функции за снимање во професионален филмски стил, што го прави подеднакво примамлив како за фотографите, така и за снимателите. Фотоапаратот α7S II може да снима 4Kфилмови на внатрешна меморија во XAVC S формат. Бидејќи информациите од сите пиксели се искористени, фотоапаратот може да ја максимизира проширената моќ на сензорот за слика и да произведе4K филмови со почиста слика и незабележителен моаре ефект. За прв пат воα7 серијата, моделот α7S II може да снима со120 слики во секунди 100Mbps со целосно вчитување на пикселитево формат којшто може да се монтира во прекрасна 4x/5x успорена снимка во висока дефиниција. Видео функционалноста е исто така унапредена со новите профили,S-Gamut3.Cine/S-Log3 и S-Gamut3/S-Log3кои овозможуваат широк динамичен опсег при корекција на боите.
Кај дизајнот на α7S II се направени голем број на подобрувања со цел да го приближат до корисниците, правејќи го поинтуитивен и посигурен. Корисниците сега можат да ја полнат батеријата на фотоапаратот преку USB додека истиот работи. Моделот α7S IIе Wi-Fi®и NFC компатибилен и целосно функционален со PlayMemories мобилната апликација од Sony достапна на Android™ и iOS™, како и низа други апликации кои му даваат нови, креативни можности на фотоапаратот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.