Еден ден пред закажаната премиера на 5 ноември во киното „Синеплекс“, Sony организираше претпремиерно прикажување на филмот „Спектра“, по што следуваше презентација на производите Sony Xperia Z5 и RX100 IV, кои Џејмс Бонд ги користи во филмот, како и презентација на други новитети од областа на видео, звук и фотографија од Sony.
Xperia Z5
Во филмот Спектра, тајниот агент 007 го користи најновиот модел Xperia Z5 од Sony. Благодарение на соработката со инженерите за фотоапарати од Sony, Xperia Z5 користи иновативна технологија за камера со 23 mp Exmor RS™ сензор за мобилни и автофокус кој што комбинира фазна со контрастна детекција овозможувајќи го најбрзиот автофокус меѓу водечките смартфони во светот во моментов со рекордна брзина од 0.03 секунди. Со ваква моќ нема да ви избега ниту еден момент. Освен тоа, овој модел има одлична можност за зум и подобрена стабилизација на сликата.
За прв пат, Xperia Z5 моделот вклучува сензор за отисок од прст на копчето за вклучување за полесно отклучување на уредот и поголема заштита. Новиот паметен телефон од Sony е отпорен на вода и прашина (IP65/68) и има едноставен, тенок дизајн постигнат со спојување на рамката со позадина од матирано стакло кое не само што изгледа добро, туку е и удобно за држење.
Xperia Z5 е опремена со Qualcomm Snapdragon 810 процесор, со осум CPU јадра, 64-битна архитектура и поддржува многу брз 4G LTE пристап на Интернет, со можност за постигнување на нови нивоа на перформанси во областа на видео, фотографии и игри. И најдоброто од се, Xperia Z5 има неверојатно издржлива батерија која трае до два дена, како и иновативна технологија за заштеда на енергијата на батеријата, која овозможува нејзино исклучително долго траење. Сo помош на Qualcomm® Quick ChargeTM 2.0, уредот можете да го користите 5,5 часа со само 10 минути полнење со помош на сертифицираниот Quick ChargeTM 2.0 полнач, како што е Quick Charger UCH10.
RX100 IV и α7R
Освен еден од најдобрите смартфони на денешницата, Џејмс Бонд во филмот Спектра го користи и компактниот фотоапарат RX100 IV кој има карактеристики кои претходно беа достапни само за професионални корисници. За прв пат кај фотоапарати наменети за потрошувачи, овој модел нуди можност за снимање со забавено движење (до 40x), со брзина од 1000fps (слики во секунда), 500fps или 250fps; како и 50p или 25p за плејбек). Фотоапаратот RX100 IV е опремен со Exmor RS, првиот 1.0 тип CMOS сензор за слика со напредно процесирање на сигнал и прикачен DRAM мемориски чип, кој овозможува ултра брзо окинување без изобличување со максимална брзина од 1/32000s, видео снимање во 4К резолуција со целосно пикселно вчитување и многу повеќе.
Покрај овој фотоапарат, беше презентиран и моделот α7R II. Се работи за фотоапарат без огледала со сензор за цела слика, што претставува напредок во три димензии, на резолуцијата (42.4 ефективни мегапиксели), чувствителноста (се проширува до ISO 102400) и исклучителна брзина на авто-фокусот. Сето тоа го овозможува Exmor R™, првиот CMOS сензор за цела слика во светот со задно осветлување, што е најнапредниот, најразновиден сензор за целосна слика со највисока резолуција што Sony некогаш го создал. Со иновативниот сензор, фотографите веќе нема да бидат приморани да одберат помеѓу висока резолуција и брзина или пак помеѓу висока резолуција и висока чувствителност кога одбираат фотоапарат. Сензорот за слика со фокусна рамнина поседува 399 точки за фазна детекција, најшироко АФ покривање во светот на сензорите за цела слика, овозможувајќи неверојатно брз хибриден АФ. Освен тоа, моделот е опремен со вградена стабилизација на слика со 5 оски и може да снима 4K видео во внатрешна меморија со целосно пикселно вчитување, што го прави овој компактен фотоапарат соодветен за било каков вид на видео и фотографија.
За полесно поврзување, и двата модели имаат вградено Wi-Fi® и NFC, а за поголеми креативни можности на фотоапаратите, достапни се многу апликации од PlayMemories Camera Apps.
4K Bravia Android TV
Sony исто така го претстави и исклучителниот Bravia X90C телевизор со големина на екран од 65”, кој е тенок само 4.9 мм во најтенката точка и добитник на ЕИСА наградата за најдобар дизајн на телевизор за 2015-2016 година. Освен тоа што е многу елегантен, овој модел користи оперативен систем Андроид кој овозможува пристап до најразлични извори на содржина, интуитивно ракување и ненадмината интеграција и комбинирана функционалност со паметните телефони.
Како новитет за овој модел, моќниот 4K Процесор X1 од Sony овозможува исклучително јасна слика без разлика на тоа дали гледате содржина во 4K, висока или стандардна дефиниција, или пак интернет видеа со ниска резолуција. Моќниот X1 чип е клучот за сензационалната 4К слика која е многу почиста, има брилијантни бои и висок контраст без разлика на тоа каква содржина гледате. Секој извор на содржина се обработува со цел да обезбеди фасцинантни детали во 4K. Што и да одлучите да гледате, содржината е прикажана со суптилни бои и префинети текстури, додека шумот на сликата е намален, а контрастот динамично подобрен за појасни, врвни светли тонови и богати, длабоки црни тонови.
Со Андроид ТВ се она што го правите на вашиот таблет или телефон, сега ќе може да го правите и на голем екран, откривајќи ви свет на филмови, музика, фотографии, игри, пребарувања, апликации – сето тоа со фантастичниот квалитет на сликата и звукот од Sony. Преку вградениот микрофон на интуитивниот далечинскиот управувач на допир, може да користите гласовна контрола за да пребарувате содржина, поставувате прашања и да го контролирате вашиот телевизор. Со Google Cast™ Ready, може да испраќате содржина од вашиот паметен телефон или таблет на вашиот телевизор брзо, забавно и едноставно.
Никогаш не било поедноставно да го добиете најдоброто од BRAVIA, која ви ја приближува содржината, апликациите и многу повеќе со само еден допир. Земете го интуитивниот далечински управувач: One-Flick Entertainment ви овозможува да пребарувате ТВ канали, интернет видеа, фотографии и останата содржина, поудобно и полесно од кога и да било досега.
Овие производи може да се најдат во продажните места на Sony и во продажните места на двата мобилни оператори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Сони“ по грешка прикачи цел филм на YouTube (видео)
-
Ни Џејмс Бонд не е тоа што беше: Следниот би можел да биде црнец или жена (видео)
-
Центарот за култура -Битола го прослави роденденот со концерт „Џејмс Бонд Симфони“
-
Откриена најголемата тајна на серијата за Џемс Бонд: Шон Конери во секој филм носел перика? (видео)