| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се одмаздиме за нашите другари, се заканија припадниците на „Десниот сектор“

sektor

– Дванаесет украински доброволци кои се бореле против проруските сепаратисти во источна Украина, се убиени рано утринава, а засега непознат број се заробени, откако нивниот автобус паднал во заседа на сепаратистичките сили – соопшти портпаролот на екстремно десничарската организација „Десен сектор“.
– Сепаратистите отворија оган врз автобусот, што борците од „Десен сектор“ ги превезуваше на борбената линија кај селото Мандрикино, на пристапите кон бунтовничкото упориште Доњецк – изјави портпаролот на „Десен сектор“, чии припадници се борат на страната на
украинските вооружени сили.
Според него, ова е нивна најголема поединечна загуба од почетокот на воените дејствија во источна Украина во текот на април годинава.
– Ќе се одмаздиме за нашите другари – се закани порпаролот на „Десен сектор“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top