| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на украинскиот „Десен сектор“ го отфрлува мировниот план од Минск

Лидерот на украинскиот „Десен сектор“ Дмитриј Јарош соопшти дека неговото радикално движење го отфрла мировниот договор од Минск, додавајќи дека нивните паравоени единици на истокот на Украина ќе продолжат „активно да се борат врз основа на сопствениот план“.

Јарош ова го објави на Фејсбук профилот, додавајќи дека каков било договор со милициите на истокот на Украина кои тој ги нарекува „терористи“ нема легална сила, и оти е спротивен на украинскиот устав.

Лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција вчера во Минск по маратонски преговори постигнаа договор за прекин на огнот во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top