Лидерот на екстремистичката украинска организација „Десен сектор“ Дмитро Јарош повика на продолжување на протестите се додека не бидат уапсени претставниците на властите, што според него се виновни за случувањата во Мукачево, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение објавено од Јарош на една од социјалните мрежи.
Јарош повикува за оставка на целото раководство на безбедносните структури на Закарпатската област, како и на министерот за внатрешни работи Арсен Аваков.
Околу 20 борци на украинската крајнодесничарска организација отворија вчера оган во Мукачево, во Украина, во конфликт со противници за сфери на влијание. Тие отвориле оган со автоматско оружје, митралези и гранати и врз пристигнатите на местото на инцидентот полициајци, уништувајќи неколку полициски возила.
Моментално се водат преговори меѓу полициските сили и борците, кои се засолниле во шума во селото Лавки, во близина на Мукачево.
Според податоци на обвинителството тројца мажи загинале во вчерашните судири, започнати од „Десен сектор“, а 11 се повредени.
Обвинителството на Закарпатската област вчерашните настани ги оцени како терористички акт.
Од синоќа борци и приврзаници на „Десен сектор“ одржуваат протести во Киев и други поголеми градови во Украина, со цел оставка на министерот за внатрешни работи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија