| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на проруските бунтовници убиен во експлозија во Украина (видео)

Лидерот на проруските бунтовници во Доњецкиот регион е убиен во експлозија во кафуле во центарот на градот Доњецк, јави денес самопрогласената власт.

Александар Захарченко, лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република умре од последиците на „терористичкиот напад“, извести Доњецката новинска агенција, која се наоѓа на територијата под контрола на бунтовниците.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека има многу причини да се верува дека Киев е одговорен за смртта на Захарченко, пренесува руска РИА.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова кажа дека смртта на Захарченко покажува дека Киев се решил за „крвава борба“ и се откажа од своите ветувања за наоѓање мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top